SOCIAL MEDIA

5 April 2017

Catrice HD Liquid Coverage Foundation





Recently I've been experimenting with a bunch of different foundations from different brands and putting them to the ultimate test. 

Во последно време си поигрував со поприлично различни течни пудри од многу различни брендови и ги ставав на врвен тест.

To my amaze, I can fully state that the new Catrice HD Liquid Coverage Foundation does all of these things that I look for in a foundation, and I am a pretty hard person to fully impress, just because my skin type is really specific by itself (combo to dry skin on the T-zone, with a pretty oily nose after applying the foundation, even after setting it with a setting powder). 




На мое изненадување, можам слободно да потврдам дека новата Catrice HD Liquid Coverage течна пудра ги прави сите оние нешта кои јас ги барам од една течна пудра, а сум поприлично тешка личност да се импресионира, само затоа што мојот тип на кожа е поприлично специфичен сам по себе (комбинирана кон сува кожа на Т-зоната, и со поприлично замастен нос после неколку часа од нанесувањето на пудрата, дури и доколку е сетиран).

I bought the Catrice HD in my local dm markt drugstore for a super affordable price of €7.50 and without a doubt will be repurchasing it very very soon.

Ја купив Catrice HD Liquid Coverage во мојата локална дм дрогерија за супер цена од 460 ден. и без никакви дилеми би ја купила повторно и во иднина.

Also bare in mind before I wrote this post that I made sure I used this foundation multiple times during day, nights, even at the gym to test out how it held out under heat and sweat, and so far it didn't let me down at all.

Исто така имајте во предвид дека пред да го напишам овој блог пост ја користев оваа пудра преку ден, ноќ, дури и во теретана за да испитам како ќе се однесува под доста топлина и потење, и досега не ме изневерила воопшто.




So I chose the shade 010 light beige, which is the lightest shade in the range and is thankfully a perfect match for my skin tone. The biggest issue I have with all of Catrice's foundations is the non diverse shade range, for instance this foundation range has 4 shades: Light Beige, Rose Beige, Sand Beige and Warm Beige, and that's just it, only 4 shades! It's such a shame because it's a really great product that unfortunately not many people with darker or even paler skin can use.

Ја одбрав нијансата 010 light beige, која воедно е и најсветлата нијанса во палетата нијанси понудени, и за среќа е перфектна нијанса за мојот тен. Најголемиот проблем што го имам со сите течни пудри на Catricе е што нема поголем распон на нијанси, како на пример на оваа пудра која има 4: Light Beige, Rose Beige, Sand Beige и Warm Beige, и тоа е се, само 4 нијанси!
Тоа е таква штета затоа што се работи за производ кој е исклучителен, а нажалост многумина од вас ќе немаат можност да го пробаат.






The product claims to have:
  • Lightweight and non-oily texture that feels like a second skin;
  • Provides longlasting full coverage without mask effect and creates an even complexion;
  • It has HD finish for camera ready skin;
  • It is dermatologically tested and needs a good shake before use.

Производот тврди:

  • Лесна и безмасна текстура што ќе ја чувствувате како ваша втора кожа.
  • Нуди долготрајна, целосна покривност без масковен ефект и создава изедначен тен.
  • Содржи HD финиш за лице кое е спремно за снимање/сликање
  • Дерматолошки тестирано и потребно е добро протресување пред користење.

I love the Catrice foundation packaging so much that it makes me feel like I'm using a more expensive product then it actually is. The bottle is of mattified glass and is so small and nice that is just perfect if you tend to do your makeup away from your home, it takes up less space in your makeup bag. It also has a dropper which for me is amazing because it keeps the product inside clean and sanitary, also doesn't smudge the bottle itself and dispenses just the right amount you need to do your whole face.

Го обожувам пакувањето на овој производ толку многу што ме тера да се замислам дека користам многу поскап производ одколку што навистина е. Шишенцето е од матирано стакло и е толку мало и фино, перфектно дури и ако треба да се шминкате надвор од дома, и зафаќа премал простор во вашиот несесер со шминка.
Содржи капкач кој е прекрасен затоа што овозможува производот да остане хигиенски чист и не го размачкува шишенцето воопшто, и исто така испушта доволна доза колку што е потребна за да се покрие целото лице.





I used my blending sponge to apply the foundation onto the skin and used only one pump. The finish wasn't completely matte nor dewy, it was a combo of both and it looked amazing. Also it's worth to mention that using setting powder on this foundation is an absolute NO NO because either oily or dry skin like mine, the powder will make your foundation look super cakey and make your face dry. I would also recommend you do a good hydrating and priming of your skin before application especially if you suffer from dehydrated skin like me. So instead of using that setting powder, just use some setting spray and you'll be done 😁

Го користев својот блендинг сунѓер за да ја нанесам пудрата на лицето и користев само една пумпица. Финишот беше сатин и изгледаше беспрекорно. Исто така вреди и да се спомне дека користење на пудра за сетирање е огромно НЕ во случајов затоа што било да имате масна или сува кожа, пудрата за сетирање ќе направи лицето да изгледа доста вештачко и дополнително ќе ја исуши кожата. Би препорачала да користите и доста хидратантни креми и прајмер пред нанесување на пудрата, посебно доколку страдате од дехидрирана кожа како мојата. Затоа место пудрата за сетирање само нанесете малку сетинг спреј и ќе сте готови 😁

Here is a swatch of the shade I used in daylight...

Еве како изгледа мојата нијанса денски...




As you can see from the image above, the foundation is very thin and fluid. I prefer it this way as I find that it is easier to build the coverage to the desired effect, and also it has a medium to full coverage when built up. Surprisingly it dries quite fast, so you need to work quick.

Како што можете да забележите од сликите погоре, пудрата сама по себе е доста тенка и водлеста. Преферирам ваква затоа што полесно се гради покривноста до оној посакакуван ефект, и исто така содржи средна до целосна покривност кога добро ќе се надгради. Зачудувачки, се суши многу брзо на лицето, па затоа препорачувам да работите побрзо.

Overall my full impression is that this is one of the best foundations Catrice has ever made. I love the super light consistency, the buildable coverage and great longevity. I would totally recommend you try it out for yourselves, plus it is super affordable 😉

Се на се мојот целосен впечаток е дека ова е една од најдобрите течни пудри која Catrice ја произвела. Ја обожавам супер тенката формула, надградливата покривност и одличната долготрајност на лицето. Апсолутно би ја препорачала да ја пробате и самите, и плус е со супер поволна цена 😉


Till next time...

xoxo

Lori

До следен пат...

Поздрав,

Лори

Post a Comment