SOCIAL MEDIA

27 May 2017

Colour Correct With Catrice Cosmetics



Colour correcting has been a part of the makeup game for a while now, but I think that just recently a lot of us caught up with it and out of curiosity started to buy various colour correcting products from various brands that are selling them nowadays.

Colour correcting (во буквален превод: исправка со бои) е дел од шминкерската игра веќе некое време, но сметам дека последно многумина од нас почнавме да го следиме овој тренд и од чиста љубопитност да купуваме најразлични colour correcting производи од најразлични брендови кои ги произведуваат во денешницата.

I have never tried this method up until 3 months ago when I saw a video of a favourite Slovenian YouTuber of mine use this exact palette to colour correct on her face. She is the reason I bought the AllRound Concealer palette by Catrice and the one who explained how to properly use it on the face to hide my imperfections.

Го немав пробано овој метод се до пред 3 месеци кога ја видов една од омилените јутуберки од Словенија како ја користи баш оваа палета на своето лице. Таа е причината зошто јас ја купив AllRound Concealer палетата од Катрис и е таа која ми објасни како точно да ги користам овие коректори на моето лице за да ги скријам своите несовршености.

So as you can see from the photo of the palette above there are 5 shades of concealers: Green, Salmon Pink and 3 Beige shades (from dark to light) and they are all of cream consistency.

Па како што може и да видите од фотографијата погоре станува збор за палета со 5 нијанси на коректор: зелена, лосос розева и 3 беж нијанси (од темно кон светло) чија текстура е комплетно кремаста.


  • Green - neutralises redness
  • Salmon Pink - conceals dark circles
  • Beige - covers imperfections


  • Зелена - да го неутрализира црвенилото
  • Лосос розева - да ги покрие темните подочници
  • Беж - да ги покрие несовршеностите




It is recommended to apply the green and pink concealers before you apply your foundation, and the rest of the beige concealers can be used on top of the foundation.


Препорачливо е да се нанесат зелената и розевата пред да се стави течната пудра на лицето, а остатокот беж коректори може да се користат и врз слојот течна пудра.

How I like to use them is to apply the green on my red areas and the pink on my dark circles (God knows I have the darkest possible) as recommended, but instead of applying foundation afterwards, I take a bit more care and apply the second to right shade of the palette on top of the green and pink areas to make sure none of their colour pick through and then I apply my foundation of choice. After all that has been done I take the middle dark beige concealer to contour on my cheeks, nose, forehead and jawline and blend all of that with a damped beauty sponge. As a finishing step I apply the brightest beige shade at the very end on the right under my eyes, on the bridge of the nose, on the chin and forehead to brighten up the whole look, and when everything is nice and dry I fix all that with a loose translucent powder, so none of the cream products budge during the day.


Начинот на кој јас преферирам да ги нанесувам е да ја ставам зелената на сите црвеникави предели и розевата на подочниците (Господ знае колку ми се само претемни) како што е препорачливо, но наместо веднаш потоа да ја нанесам пудрата јас посветувам уште малку внимание на тие места и ја ставам втората беж нијанса од десно врз зелениот и розев коректор за да се осигурам дека нема воопшто нивната првична боја да наѕре на површината и потоа ја нанесувам течната пудра по мој избор. После се ова ја земам средишната и воедно најтемна беж боја и со нејзе ги нагласувам (контурирам) образите, носот, челото и подвиличната линија и сето ова го израмнувам со водено сунѓерче за нанесување шминка. Како краен чекор го земам најсветлиот беж коректор и го нанесувам на подочниците, на самиот мост на носот, брадата и челото за да ги осветлам овие предели, и кога се е фино исушено земам безбојна камена пудра и го сетирам целото лице за да не може никој од овие кремасти производи да се помрдне во текот на денот.





As method for applying the product I recommend using your fingers (preferably ring and middle finger for best effect) because they warm and loosen up the product. Also apply it using tapping motions so the product can really get into the skin and become one with it. To get rid of some of excess use the damp beauty sponge you have to blend everything out and make everything even.


Како метод за нанесување на овој производ препорачувам да ги користите прстите (посено прстот до малиот и средниот прст за најдобар ефект) бидејќи тие со самиот допир го затоплуваат и олабавуваат коректорот. Исто така нанесувањето пожелно е да биде со нежно тапкање на коректорот за да може да навлезе добро во кожата и да биде едно со неа. За да го отстраните вишокот коректор користете го истото водено сунѓерче за да израмните се.

This palette costs about 3.50 euros and has 6g/0.21oz of product in it, which I think is more then fair for the amount of money you give.


Оваа палета чини околу 230-тина денари и содржи 6 грама коректор внатре, што сметам дека е сосема фер за парите кои што ги давате.

Because of this product and how great it is I was convinced to buy the singles colour correcting concealers by Catrice as well and am currently testing them out for myself and will be giving you my final verdict on them very very soon in a new blog post 😉


Овој производ и тоа колку е навистина добар ме убеди да ги купам и поединечните colour correcting коректори од Катрис кои моментално ги ставам на тест и ќе ве известам за мојот финален впечаток во врска со нив многу многу брзо во некој следен блог пост 😉


That is it my sweets, till next time...


Тоа е се мили мои, до следниот пат...

xoxo

Lori


Поздрав,

Лори

Post a Comment