SOCIAL MEDIA

Essence Cosmetics "Live, Laugh, Celebrate!" Birthday Trend Edition Review

27 June 2017


*This blog post will be strictly on Macedonian due to PR reasons!

*Овој блог пост ќе биде само на македонски поради ПР причини!


Не ми се верува дека мојот омилен козметички бренд веќе го слави својот 15ти роденден оваа година! Секако зборувам за едниот и единствен Есенс Козметикс чиј PR тим овде во Македонија ме исконтактира пред некој месец за да ми понуди соработка поврзана со овој нивен љубилеј под наслов "Живот во розево". Без никакви дилеми прифатив да бидам дел од оваа кампања каде добив свој роденденски Есенс PR пакет со лимитирана тренд едиција изработена посебно за оваа прилика која се очекува да стигне и на штандовите во Македонија за некој месец и гласи "Живеј, насмевни се, прослави".

Не е воопшто тајна дека сум огромен поддржувач на овој бренд низ годините бидејќи сметам дека шминката која ја користиме сите ние треба да биде достапна до секого што е и една од најдобрите страни на овој бренд, но исто така и самиот Есенс ме научи дека и квалитетот на самите производи може да се доведе на највисокото ниво дури и по толку прифатливи цени.

Колекцијата која Есенс ја лансираше за својот роденден има најголем нагласок конкретно на оние костумизирачки палети (4-мала, 8-голема) кои направија вистински бум и на сите нас ни олеснија многу со самиот факт што во нејзе можеме да складираме сенки, пудри за уста, хајлајтер, бронзер, руменило и што се не произведено токму од Есенс. Имајќи ги сите овие производи на едно место ми го направи и секојдневниот живот полесен, но и патувањата каде можам во секое време да ги имам сите производи во една палета.

"Живеј, насмевни се, прослави" содржи доста производи, но сепак јас добив само неколку од нив и имав шанса да ги испробам и да дојдам до свој заклучок.

Во мојот пакет добив 3 сенки, и тоа: 03 life is beautiful, 06 celebrate good times, 07 the sun is shinning, една пудра за уста (да добро ме чувте, ПУДРА!) 02 everybody dance now! Rock n' doll XXXL маскара и кармин во нијанса 20 get the look кои не спаѓаат баш во оваа колекција и ги има веќе во нашите дрогерии 😀






 06 celebrate good times и 02 everybody dance now!

03 life is beautiful и 07 the sun is shinning



3те сенки и пудрата за уста се фантастични! Оваа нова формула од Есенс продолжува и понатаму да ме импресионира. Есенс кој беше познат по своите недоволно пигментирани светкави сенки во моментов им пркоси дури и на нај-highend производите на разни брендови. На сликата е прикажан примерок со само едно поминување на прстот по раката и може да се забележи таа пигментација. Текстурата е сосема кремаста и прелесно се нанесуваат сенките на очите. Сите 3 имаат светкав финиш и се нанесоа нежно на кожата и притоа немаа некое посериозно испаѓање. На моите поприлично суви очни капаци, дури и без прајмер за сенка овие се држеа сосема добро преку целиот ден, и веќе на самиот крај на денот почнаа само малку да избледуваат. Иако светкавите сенки можеби не се за секого, сепак сметам дека доколку ви се допаднат примероците погоре, дефинитивно ќе ви се допаднат и овие нови Есенс лимитирани сенки 😊

А сега да преминам на пудрата за уста која мора да признаам е сосема чуден концепт за мене, но на некој начин има и смисла кога веќе имаме палета во која можеме се да ставиме па дури и сув производ за устата. Дефинитивно е похигиенски производ од обичниот кармин кој секојдневно при секое нанесување на устата собира секакви нечистотии. Во колекцијата има 2 нијанси, а јас на добив посветлата во овој сет и морав два пати да проверам дали навистина е продукт за уста или сепак сенка, бидејќи ужасно многу наликува на сенка. Можете да го нанесете ова со четка за усни или само со прстите, ако се чувствувате мрзливи, што беше опцијата за која се одлучив. Овој производ дава мек, кадифен мат финиш и беше изненадувачки пигментиран, но сепак премногу дреч боја за мој вкус. Четка за усни дефинитивно ќе помогне да ја добиете најдобрата дефиниција околу линијата на усните и откако ќе се нанесе се чувствува поприлично удобна и релативно лесна. Исто така, имаше навистина импресивно долго време на траење, бидејќи добро ги бои усните, па затоа можев да јадам и пијам без никаков проблем. Кога избледе, тоа не го стори рамномерно, па мислам дека моливче за уста под ова ќе го даде најдобриот резултат и исто така ќе ви помогне да ја дефинирате вашата уста ако ја нанесете со прсти пудрата. Ова со сигурност е невообичаен производ, но изгледаше многу убаво и имаше голема трајна моќ, само му е потребен мал напор за да изгледа совршено.

Дополнително како што и спомнав во пакетот добив и  Есенс маскара и кармин. Не бев нешто импресионирана од маскарата поготово што самата четка нема шилест завршеток на самиот крај кој го прави нанесувањето полесно и исто така не ми даде некој посебен волумен кој го тврди на самото опакување кое вели ХХХL волумен, а јас добив само малку издолжување на трепките и сосем нормален волумен. Иако е поприлично ефтина маскара, сепак не би ја препорачала баш бидејќи имате безброј Римел и Мејбилин маскари за истата цена, а прават огромна разлика на вашите трепки.





Овој вид Есенс кармин го имам пробано неколку пати и дефинитивно приличи на оној од the only one кармините на Римел, а единствената разлика помеѓу нив е само во цената. Бојата на самиот кармин не беше лично мој стил, повеќе се ориентирам кон потемни розеникави бои кога купувам кармин, па за да го искористам овој кармин најверојатно ќе мора постојано да го мешам со други бои за да ја добијам посакуваната што е навистина напорно ако брзаш некаде и немаш време сето тоа да го правиш. Самата формула е одлична, доста кремаста и мрсна при самото нанесување на устата и дефинитивно има подолг рок на траење на самата уста. За некој што е со лимитиран буџет, а сака да експериментира со повеќе бои ова е перфектен избор и целосно го препорачувам.










Како за крај да ја спомнам само четката за нанесување сенка која исто така дојде во овој сет и е и повеќе од добредојдена бидејќи секогаш имам потреба од добра четка за сенка 😁




И тоа е се мили мои, се надевам дека уживавте во овој блог пост.

До следниот пат 😉





Поздрав,

Лори 💋

Post a Comment