Rimmel London Volume Shake Mascara Review

6 June 2017







When the Rimmel Volume Shake Mascara landed in my hands, I was quite intrigued by it because it was quite heavy in comparison to any other mascara I owned and it made a clunking noise as I turned it around in my hands. So as I twirled it around like that I started asking myself - "Could this mascara be the next big thing?", "Will it be clump free when applied?", "Will I have as good lashes as Cara does in the new commercial?" 😀

Кога ја добив Римел Volume Shake маскарата во моите раце бев заинтригирана од тоа колку е навистина потешка во споредба со многу други маскари кои ги поседував до сега и колку интересен звук правеше дури ја вртев низ рацете. Додека си поигрував со нејзе почнав да си поставувам неколку прашања - "Дали оваа маскара навистина би била новиот хит?", "Дали ќе остава помалку згустени грутки дури ја нанесувам на очите?", "Дали ќе ги направи моите трепки да изгледаат баш како оние од Кара на новата реклама?" 😀

Well I probably won't get as good of a lashes as Cara's, but at least I'll get a brand new mascara that features a first-to-market patent-pending shaker system that refreshes the volumising formula whenever it's needed.

Па можеби нема да имам баш онолку добри трепки како нејзините, но барем ќе добијам сосема нова маскара со shaker (растресувач) кој ја држи самата маскара свежа и е револуционерен производ кој е штотуку лансиран за првпат на пазарот и чека да биде патентиран за скоро време.

This new mascara has a nice shaped tube in a deep green colour with gold writing on it. It's slightly heavier as I mentioned before, more than any average mascara and has 9ml of product inside. Most mascaras are filled with around 10-11ml, so I can only guess that due to the technology that's inside we are getting a little less product. I liked that the cap of the wand has a sort of a ring at the end of it that made it feel more comfortable in my hands while I was using the mascara, and I had a bit more control over every stroke.

Оваа нова маскара има фино изработена туба во темно зеленкаста боја испишана на амбалажата со златни букви. Малку е потешка како што и спомнав претходно, повеќе од обичната маскара и содржи 9мл течност во нејзе. Повеќето маскари содржат околу 10-11мл течност во нив, но поради ваквата нова технологија поставена во самата маскара добиваме малку помала содржина внатре. Ми се допаѓа тоа што капата (држачот) на самото стапче содржи како еден вид на прстен на самиот крај кое овозможи да го чувствувам полесно во моите раце додека ја користам маскарата и ми даде еден вид на поголема контрола при секое ново нанесување.








The brush is a standard oval shaped volumising mascara brush that has close together bristles.It's such a beautiful and easy brush to work with that gives such a great volume to my lashes, separates them without any clumping and longates them.

Четката е со стандардна овална форма како и на секоја волумизирачка маскара и има збиени едно до друго мали влакненца на нејзе. Ова е толку убава и лесна четкичка за користење која им дава преубав волумен на моите трепки, ги разделува без да остава зад себе згустени непотребни грутки од маскарата и ми ги издолжува.

As for the formula of the mascara it is a gorgeous creamy formula that completely enabled me to really work the product on to my lashes and really play with it. I was able to put more than one coat on my lashes to really give them that dramatic volume I love, and also that made me realise that the formula itself gave me more time because the mascara wasn't really drying as fast as most of the others do and when I apply more they just start to crumble and leave residue on my under eyes. So this definitely wasn't the case with the volume shake mascara. Honestly I really don't want to sound pretentious, but I really do LOVE LOVE LOVE this! It is indeed the mascara I have been waiting and searching for on all those drugstore stands over the years. It is truly amazing and is worth every cents that you'll give for it 😊

Кога станува збор за формулата на оваа маскара, таа е прекрасна кремаста формула која вистински ми овозможува убаво нанесување на самите трепки и дополнително поигрување со истата. Ми овозможи да ставам и повеќе од еден слој на трепките за да можам да го доловам оној волумизирачки драматичен изглед кој го обожавам, и исто така ова ме натера да сфатам дека добивам и повеќе време за нанесување поготово што формулата е таква да не и дозволува брзо сушење на маскарата како на останатите кои после неколку нанесени слоја почнуваат да се распаѓаат и да испуштаат мали суви грутки на подочниците. Ова дефинитивно не беше случај со оваа нова маскара на Римел. Искрено, не сакам да звучам како да го величам цело време овој производ, но фактот е дека навистина ја ОБОЖАВАМ оваа маскара! Ова е навистина маскарата која ја чекав и барав низ сите штандови во дрогериите низ годините. Навистина е прекрасна и вреди за секој денар потрошен на нејзе 😊

This mascara differs in price depending upon where you choose to purchase it from, but it is widely available in Superdrug, Boots and other for a price of £8.99. In our dm drugstores it is priced at 409 denars which is a fair and dare I say even cheap price for a mascara of such a great quality.
 
Оваа маскара е со различна цена во зависност од тоа каде би ја купиле, но глобално е достапна на страните на Superdrug, Boots и многу други за цена од 8.99 фунти (632 денари). Во нашите дм дрогерии можете да ја најдете за цена од 409 денари кој е сосем фер, па дури и би рекла и ефтина за производ од ваков калибар.

P.S. for the record it did give me even better lashes than Cara's 😄

P.S. само да кажам дека добив и многу подобри трепки од оние на Кара во самата реклама 😄


Till next time loves,
 
До следниот пат мили мои,

xoxo

Lori
 
Поздрав,
 
Лори

Post a Comment

Latest Instagrams

© The Lori Diaries. Design by FCD.