2 March 2018

Metal Shock Eyeshadows by Essence Cosmetics




EN: A few months ago I received a PR package containing some lovely goodies from Essence and Catrice Cosmetics that were very kindly given to me by the representatives of both cosmetic lines right here in Skopje. Since then I had the chance to play around with the whole lot of products and absolutely loved all of them, but I definitely had my preference.

MK: Пред неколку месеци добив ПР пакет кој содржеше неколку убави производи од Essence и Catrice Cosmetics кои великодушно ми беа подарени од претставниците на двете козметички компании токму овде во Скопје. Оттогаш имав шанса да си поиграм со многу од производите и апсолутно бев магепсана од сите, но дефинитивно створив одредена преференција кон некои од нив.

EN: I was the most obsessed with the gorgeous Metal Shock Eyeshadows that I actually went ahead and bought the rest of the shades that my local drugstore offered on their display. And that is why I will be doing a post on all of them together and not just the one shade I got to try from my PR package 😉

MK: Јас бев најмногу опседната со прекрасните Метални Шок сенки, толку многу што и си дозволив и да купам уште неколку од останатите нијанси што ги нудеше мојата локална дрогерија на нивните сталажи. И тоа е причината зошто јас ќе правам пост на сите нив заедно, а не само на едната нијанса што ја добив во мојот ПР пакет 😉

EN: These liquid metal eyeshadows are so versatile. They look great applied straight to the eyelid with or without an eye primer, over shadow, under shadow, blended, layered... YOU NAME IT!

MK: Овие течни метал сенки се многу разновидни. Тие изгледаат одлично нанесени директно на очниот капак со или без база за сенка, над друга сенка, под друга сенка, помешано, слоевито ... ВИЕ САМО ИЗРАЗЕТЕ ЖЕЛБА!






EN: They come in a transparent plastic packaging with a nice dofer applicator inside and contain 3.5 grams of product, all for the price of 3.79€.

MK: Тие доаѓаат во проѕирна пластична амбалажа со фин сунѓерест апликатор внатре и содржат 3,5 грама производ, се за 230-тина денари.

EN: With one coat you can cover the entire lid with the applicator, or with it you can swipe some on the hand and then dip in with your finger and apply it on the lid if you want a more natural look. The texture inside the packaging is so soft and almost moose like to the touch.

MK: Со еден слој можете да го покриете целиот очен капак со апликаторот, или со самиот апликатор можете да нанесете малку на раката (која има улога на палета во случајов) и потоа со прст да земете дел и да го нанесете на капакот ако сакате поприроден изглед. Текстурата на сенката е толку мека, како некој вид на мус структура при допир.






EN: Their names are (as shown on the photo just below from left to right): 01 solar explosion, 02 stars & stories, 03 galaxy rocks... And they are just so freakin' awesome aren't they?!


MK: Нивните имиња се (како што е прикажано на сликата подолу, од лево кон десно): 01 соларна експлозија, 02 ѕвезди и приказни, 03 карпи од галаксијата ... И тие се толку прекрасни, зарем не?!






EN: 01 Solar Explosion

The first shade in the Metal Shock collection is solar explosion, a gorgeous metallic gold that is just right for any summer or autumn makeup look. The silver and gold shimmers contribute towards making this a very light gold, rather than yellow or warm-toned. Unlike the other two shades I bought, solar explosion is the least glittery and gives an almost foiled-like look when swatched.

MK : 01 Сончева експлозија

Првата нијанса во колекцијата Метал Шок е Соларна Експлозија, прекрасна златна металик нијанса што е погодна за било каков летен или есенски изглед. Сребрените и златните светки придонесуваат кон тоа да се добие доста светло златна нијанса, наместо некаков вид на жолта или топла златна нијанса. За разлика од другите две нијанси што ги купив, Сончева Експлозија е најмалку светкава и дава финиш како на златна фолија при самото нанесување.







02 Stars & Stories

This shade is a cool toned pink mixed with silver glitter. Something worth mentioning is the fact that this shades' packaging is slightly different then the one of Solar Explosion. This one has a sliver stripe below the cap which means that it is more of a glitter metallic, and the Solar explosion one is in all black (cap and stripe) and means that it is a full on metallic eyeshadow.

MK: 02 Ѕвезди и Приказни

Оваа сенка има светло розеникава боја помешана со сребрени светки. Нешто што треба да се спомене е фактот дека пакувањето на оваа сенка е малку поинаков од оној на Соларната експлозија. Оваа има сребрена лента под капачето, што значи има повеќе светкав металик финиш, за разлика од Сончевата експлозија која има црна лента под капачето што значи дека има чист металик финиш.







03 Galaxy Rocks

The third shade in the Metal Shock collection is Galaxy Rocks, a dark glittery grey. Same as Stars & Stories, Galaxy Rocks is also packed with silver glitter particles that are a lot more prominent due to the dark base and it really does look like the Galaxy sitting on top of your eyelids. In other words, just simply stunning to look at! Also I have to add-in the same thing about the packaging. Galaxy Rocks and Stars & Stories both have a silver stripe below their black cap and are both glittery metallic eyeshadows.

MK: 03 Карпи од Галаксијата

Третата нијанса во колекцијата Метал Шок е Карпи од Галаксијата, темна светкава сива боја. Исто како и Ѕвезди & Приказни, Карпи од Галаксијата се одликува со сребрени светки во својот состав кои се доста видливи поради темната боја на сенката и навистина делуваат како да ја гледате Галаксијата на вашите очни капаци. Кратко кажано оваа сенка изгледа прекрасно на очите! Морам да го повторам истото за пакувањето, Карпи од Галаксијата и Ѕвезди & Приказни имаат сребрена лента под црното капаче и се светкави металик сенки.







EN: Final thoughts

All of the shades have the same spreadable, mousse-like texture that dries down entirely after a few seconds. You have a lot of control over the opacity, which can be decreased with more blending and increased with more product. The more sheer it is, the more glittery it will look. I didn’t try to use this product with any tools other than my fingers and the built-in applicator inside the eyeshadow packaging. The Metal Shock eyeshadows have great staying power throughout the day and won't budge at all. They are very easy to take off with any kind of makeup remover (micellar water, makeup wipes etc.) and are not water-proof and they'll start to break apart.

MK: Конечни впечатоци

Сите сенки со само едно нанесување го покриваат целиот очен капак и имаат иста мус текстура што се суши целосно за само неколку секунди. Секој од вас може да го контролира нивото на тоа колку сака сенката да биде јака (пигментирана) на окото. Пигментот може да се намали со поголемо блендање со четка, а да се зголеми со додавање повеќе производ. Колку е попроѕирна, толку повеќе ќе дојдат до израз светките. Јас не се обидов да го користам овој производ со никакви други алатки освен со моите прсти и вградениот апликатор во самата амбалажа. Метал Шок сенките имаат способност да издржат цел ден на очите и воопшто да не мрднат. Тие се толку лесни за вадење со било каков производ за вадење шминка (мицеларна вода, марамчиња за шминка итн.). Тие не се водоотпорни и при допир со вода веднаш ќе почнат да паѓаат.

EN: In my opinion, the Metal Shock eyeshadows excellent value for money. I do prefer the glittery metallic shades over the metallic ones, but both kinds are highly pigmented and look amazing on the eyes. I was never fond of liquid eyeshadow, but these definitely made me convert as I have found them to be more long-lasting and opaque than all of my powder eyeshadows. My favourite shade ( of all that I got) from this collection is Stars & Stories and I am being 100% honest when I say that I am wearing this shade all the time and it literally goes with every outfit I'm wearing each day.

MK: Според мене, Метал Шок сенките си вредат за својата цена ако не и повеќе од тоа. Јас ги преферирам светкавите метални нијанси во споредна со металик нијансата, но сепак и двата вида се високо пигментирани и изгледаат неверојатно на очите. Никогаш не сум била љубител на течни сенки за очи, но овие дефинитивно ме натераа да се премислам бидејќи покажаа дека се подолготрајни и  попигментирани од сите мои сенки во прав собрани заедно. Мојата омилена нијанса (од се она што го добив и купив) од оваа колекција е Ѕвезди & Приказни и сум 100% искрена кога велам дека постојано ја носам оваа сенка и буквално оди со секоја комбинација на облека што ја носам секојдневно

EN: I've wanted a drugstore brand to come out with eyeshadows like these for the longest time and that actually look pigmented and don't have a fallout and these are just that.They just look luxurious on the lid with very little effort. Essence definitely did it with this collection and I highly highly recommend you to get any shade from this eyeshadow range ;)

MK: Сакав дрогериски бренд конечно да излезе со сенки за очи како овие веќе подолго време кои ќе имаат јак пигмент, но и нема да оставаат флека под очите за време на нивното нанесување и по нанесувањето. Овие се баш такви какви што сакав и изгледаат луксузно на капакот со многу малку напор. Есенс дефинитивно се надминал себе си со оваа колекција и можам само топло да ви препорачам да пробате било која сенка од овој спектар на нијанси.

EN: That's all for today my loves,

Talk to you soon...








MK: Тоа е се за денес мили мои,


До скоро...



Поздрав,


Лори

Post a Comment

On Instagram

© The Lori Diaries. Made with love by The Dutch Lady Designs.