24 April 2018

Let's Be Mermaids with Misslyn Cosmetics!



EN: Personally I am sooo INTO all these new mermaid/unicorn/holo vibes that I'll literally buy and try out any makeup product within that sort of range.

MK: Право да ви кажам толку многу сум занесена по овој нов сирена/еднорог/холографски тренд кој го дрма шминкерскиот свет моментално што буквално сакам се да купам и да пробам што е поврзано со нив.

EN: Recently I discovered this new (well for me it's new at least) German makeup brand called Misslyn and their fabulous makeup products, so naturally I had to try something from them and I bought the limited edition strobing powder (highlighter) in the shade Let's Be Mermaids.

MK: Во последно време го открив овој нов (па може да се каже дека е барем за мене релативно нов) бренд по име Мислин кој произведува толку добри производи. Секако по логиката на нештата морав да испробам барем нешто од нив па решив да го купам хајлајтерот кој е дел од новата лимитирана колекција инспирирана од се поврзано со сирени во нијансата "Ајде да бидеме сирени".





EN: The strobing powder has 6g worth of product in it and costs 5.95 €. You can find this brand all around Europe in different drugstores, but it is mostly found in Muller drugstores.

MK: Хајлајтерот содржи 6 грама производ и чини 360 ден. Можете да го најдете овој бренд секаде низ Европа во различни дрогерии, најмногу во Мулер, а кај нас штандот на Мислин се наоѓа во сите Космо дрогерии.



EN: I LOVE the packaging of all Misslyn highlighters, especially this one! It has a really cool design of a mermaid painted with simple pastel colours. The material of the outer packaging is sturdy cardboard, which can be easily opened and closed by magnets. On the the lid on the inside there is a small mirror integrated so you can be able to use the product on the go whenever you want.

In the pan, the highlighter shimmers beautifully without containing any coarse glitter particles. The colour itself is a warm cream to champagne tone.


MK: Ми се допаѓа амбалажата на сите Мислин хајлајтери, а особено на овој! Има толку кул дизајн на сирена насликана со нежни пастелни бои. Материјалот на надворешниот дел на амбалажата е тврд картон, што може лесно да се отвори и затвори со помош на магнет. На горната страна од внатре има вградено мало огледало за да можете овој производ да го користите и кога сте некаде надвор.



EN: I apply this product with the corresponding mermaid tail highlighter brush from the same limited edition mermaid collection (which I also got) and dip into the product and spread it on my cheekbones, under my brows, on top of my lips and on the bridge of my nose. From time to time I also use it in the inner corners of my eyes to help the eyes lift up and make them look bigger. The moment you touch the product you can feel how buttery and soft it really is. It is easy to apply on the skin and looks just like in the pan. One layer of the highlighter is sufficient, it doesn't apply too strong on the face, so it is suitable for everyday use. You can also layer it further to intensify it. Since the colour is very light, I would say that this product is suitable for every skin tone.

MK: Го нанесувам овој производ со помош на четката која наликува на перка од сирена, која исто така е дел од оваа лимитирана колекција. Со нејзе нанесувам од хајлајтерот малку над образите, под веѓите, над устата и по линијата на носот. Од време на време ставам и малку на внатрешниот дел од очите за да дадам ефект очите да делуваат поголеми и посвежи. Само што ќе поминете со прст по површината на самиот хајлајтер веднаш ќе почувствувате колку неговата текстура е нежна и кремаста. Многу лесен е за нанесување на кожата и нијансата изгледа исто како и во самата амбалажа. Еден слој од хајлајтерот е сосема доволно, не изгледа воопшто нападно на лицето, така да можам слободно да кажам дека е погоден и за секојдневна употреба. Можете и да го надградувате понатаму со повеќе слоеви кои дефинитивно ќе ви дадат поинтензивен изглед. Поради тоа што нијансата на овој хајлајтер е доста светла тој е сосема погоден за било кој тен на кожа.








EN: To conclude, the Let’s be Mermaids Strobing Powder adds the perfect dose of radiance to the face and definitely has my stamp of approval along with the mermaid tail brush which can be used for many purposes! Both products are perfect for someone who's always on the go and has a very busy lifestyle, but still wants that all day glow 😉.

That's all for today my loves,

till next time!



xoxo

Lori



MK: Па да заклучиме... Стробинг пудрата "Ајде да бидеме сирени" ја дава перфектната доза на свежина на вашето лице и дефинитивно е одобрена од мене заедно со шик четкичката во форма на перка од сирена што можете да ја користите буквално за било каква намена. И двата продукти се перфектни за некој кој има доста зафатен распоред секојдневно, а сепак сака секогаш да го има тој свеж изглед на ликот.

Тоа е се за денес мили мои,

до следниот пат!


Поздрав,

Лори

Post a Comment

On Instagram

© The Lori Diaries. Made with love by The Dutch Lady Designs.