Оскари 2024: 10-те најдобро облечени дами на црвениот тепих
За најголемата ноќ во Холивуд како и секоја година на црвениот тепих пред Долби театарот се прошетаа гламурозно облечени дами во разни тоалети од познати дизајнери. Оскаровската вечер беше исполнета со драма на црвениот тепих и дојде како вистински шлаг на тортата на уште една успешна сезона на награди. Ве поканувам да ги погледнете моите топ 10 најдобро облечени дами на црвениот тепих на 96-тото доделување на Оскарите: Зендаја во Armani Privé Го обожавам речиси секој изглед на црвенот тепих кога е во прашање Зендаја. Таа е вистинска модна кралица секој пат кога ќе се појави на црвениот тепих. Америка Ферера во Versace Номинирана за Оскар и амбасадор на CoverGirl, Америка Ферера, изгледаше совршено во оваа барби розова тоалета која перфектно и ги истакнуваше облините. Ања Тејлор-Џој во Dior Оваа девојка одсекогаш ме воодушевувала со креациите кои ги носела на црвениот тепих, па и овој пат не беше исклучок. Ања уште еднаш ми покажа како се игра дамски гамбит на црвениот тепих на Оскарит