• Home
  • About
  • Privacy Policy
  • Disclaimer
  • Contact
Enter your keywords
The Lori Diaries

...by the girl who's creating her own future.

May 06, 2023

Крунисување на Неговото Височество: Господе чувај го Кралот!

Денес многумина од нас бевме сведоци на испишаното ново поглавје во светската историја.

На моменти се чувствував како да требаше да се штипнам себе си за да се осигурам дека сето ова навистина се случува внатре во најубавата Вестминстерска опатија.





Ме фати некоја тага и носталгија за Лондон, за Вестминстер... 


Додека чекав пред ТВ екранот Велика Британија конечно после 70 години да го добие својот нов крал и кралица, мозокот ми вртеше еден куп спомени од времето кога за прв пат стапнав во Вестминстер и не можев да престанам да се воодушевувам на нејзината убавина и историјата која е врежана длабоко во нејзините темели. 

Искрено, за момент посакав да сум таму, посакав да исчезнам од тука и веднаш да се транспортирам таму, меѓу огромната толпа луѓе и да уживам во овој ден.





Токму денес, на олтар полн со свеќи, молитви и златен сјај, Вестминстерската опатијата изгледаше како да си залутал во некоја кутија со скапоцени камења, каде владееше беспрекорен раскош.





Пред 2.300 гости, кралот Чарлс и кралицата Камила поминаа низ древните ритуали, со доза модернизам и разноликост. 

Меѓу гостите имаше членови на кралското семејство и други членови на кралските семејства ширум светот, претставници од домовите на парламентот и црквата, како и истакнати политичари од Комонвелтот и пошироко.

Бројот на поканети е всушност релативно мал, имајќи предвид дека повеќе од 8.000 луѓе присуствувале на службата на кралицата во 1953 година.





Церемонијата се одржа на 6 мај - повеќе од осум месеци по смртта на кралицата Елизабета Втора и непосредно пред 70-годишнината од крунисувањето на кралицата. Иако покојната кралица пристапи на тронот на 6 февруари 1952 година, таа беше официјално крунисана дури на 2 јуни 1953 година, по период на национална жалост за нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести - традиција што кралот Чарлс избра да ја следи. 

Гостите почнаа да пристигнуваат во Вестминстерската опатија од 9 часот наутро, а поворката на кралот Чарлс Трети тргна од Бакингемската палата во 10:20 часот.

Церемонијата на крунисување потоа започна во 11 часот и мина без никакви проблеми.





Покрај кралот Чарлс Трети и кралицата Камила, целото Велс семејство беше присутно на крунисувањето, а принцот Џорџ ја имаше честа да биде дел од церемонијата и да ја придржува наметката на кралот заедно со уште три други момчиња.





Принцезата Шарлот и принцот Луи беа исто така присутни меѓу гостите. По завршувањето на службата за крунисување, Џорџ повторно се соедини со остатокот од неговото семејство и им се придружи во црно-златна кочија за поворката за крунисување назад во Бакингемската палата која заврши точно во 01:00 часот попладне.





Војводата од Сасекс исто така беше меѓу присутните, заедно со принцезите Јуџини и Беатрис, придружувани од нивните сопрузи. Хари држеше доста низок профил, што беше и очекувано, додека војвотката од Сасекс остана дома во Калифорнија со принцот Арчи и принцезата Лилибет.





Кралските деца потоа ги следеа кралот и кралицата додека го изведуваа традиционалното отпоздравување на главниот балкон на собраната толпа народ пред Бакингемската палата.





Додека Чарлс и Камила и мавтаа на толпата, принцот Луи донесе момент на забава преправајќи се дека свири на имагинарно пијано 😄.





На 21 јануари, Бакингемската палата објави дека ќе има концерт по повод крунисувањето во замокот Виндзор на 7 мај, на кој ќе се соберат нови уметници и светските музички икони за да ја одбележат оваа пригода. Ним ќе им се придружи оркестар, танцови трупи, актери од А-листата и хорот од церемонијата, составен од пејачи аматери од целата земја, на кои ќе им се придружи виртуелен хор составен од вокали базирани низ Комонвелтот.

Кети Пери, Лајонел Ричи, Андреа Бочели, Фреја Рајдингс, Никол Шерцингер, Палома Фејт, Тива Севиџ, Оли Мурс и Тејк Дат се подготвени да настапат за толпа од околу 20.000 луѓе во замокот Виндзор.

Се беше спектакуларно, како уште една раскошна венчавка, со пријатели, семејства и познати лица кои си играат со своите телефони и прават селфиња за да го комеморираат овој посебен момент.

Беше ден за памтење...



Доколку немавте прилика да ја погледнете целата церемонија, а имате желба тоа да го сторите, веднаш под ова ќе ви оставам линк до преносот на Јутуб каналот на Кралското семејство:






Read more
on May 06, 2023 0
Share this!
labels
News
Newer Posts Newer Posts
Older Posts Older Posts

May 03, 2023

Мет Гала 2023: Што се носеше на after забавите?

Ѕвездите го изнесоа своето најдобро на црвениот тепих на овогодинешната Мет Гала која му оддаде почит на животот и креативното наследство на покојниот Карл Лагерфелд. Но, најголемата модна ноќ не заврши тука. Outfit-ите на познатите станаа уште похрабри кога камерата ги начека како позираат на неколку прослави кои следеа по завршувањето на галата.






Гостите излегоа од Метрополитен Музејот на уметноста во срцето на Њујорк за да ја продолжат серијата драматични промени на гардероба, па така моето око улови 10 афтер-изгледи кои многу ми се допаднаа и решив да ги споделам со вас.








Очекувајте макси фустаните да се претворат во мини фустанчиња и сукњички, смокинзите да се претворат во кошули со опуштени копчиња и фармерки, а светкавото да се претвори во мрежесто.


Погледнете ги 10-те изгледи кои мене ми оставија најголем впечаток:





Кери Вашингтон облечена во Мајкл Корс на Мет Гала афтер забава.




Коко Роча на афтер забавата во The Mark.




Томас Доерти на афтер забава во Loosie's.




Џена Ортега на афтер забавата во Standard.




Клои Фајнмен афтер забава во Standard.




Тина Леунг на афтер забава во Standard.




Коко Роча на афтер забава во Standard.




Оливија Родриго на афтер забава во Standard.




Џиџи Хадид на афтер забава на Стела Макартни, Баз Лурман и Казамигос во Zero Bond.




Кејт Хадсон на афтер забава на Стела Макартни, Баз Лурман и Казамигос во Zero Bond.




Едвај чекам до следната година да видам какви се креации ќе носат познатите и која ќе биде тематиката.

Read more
on May 03, 2023 0
Share this!
labels
Fashion
Newer Posts Newer Posts
Older Posts Older Posts

May 02, 2023

Мет Гала 2023: Во чест на Карл

Мет Галата се одржа на првиот понеделник од месец мај. 

Честопати наречен „Оскари на модата“, настанот ги привлекува најголемите имиња од А-листата, кои се облекуваат според дадена тема, обично во креации нарачани од највлијателните светски модни куќи.





Оваа година Мет Галата претставуваше прослава на покојниот великан Карл Лагерфелд, а неговите пријатели и соработници му оддадоа почит на дизајнерот на многу начини.





Легендарниот дизајнер за жал почина во 2019 година, на 85-годишна возраст. Тој беше еден од најплодните и најславните модни дизајнери на сите времиња и беше на чело на некои од најголемите модни куќи во светот, вклучувајќи ги Фенди, Шанел и неговата истоимена етикета и беше во улога на креативен директор се до неговата смрт.

Додека некои теми на Мет Галата може да бидат незгодни за интерпретација и можат да се прикажат и суптилни и смели сфаќања на идејата, темата за овој настан беше кристално јасна, па така некои познати личности носеа винтиџ дизајни изработени од самиот дизајнер, додека пак други носеа креации кои беа инспирирани од неговата естетика, изработени од ривалски модни куќи кои дадоа свој осврт на некои од неговите најпознати дела.





Голем број гости избраа да му оддадат почит на дизајнерот навлегувајќи во архивите и носејќи една од неговите креации. Никол Кидман, Наоми Кембел, Дуа Липа и Жизел Бундхен беа меѓу оние кои носеа винтиџ Шанел.
Воглавно тоа беше црвен тепих исполнет со монохроматски изглед, каде доминираа црно-бели креации.



Драги мои, за вас ги одбрав моите 10 омилени изгледи од Мет Галата:



Ен Хатавеј во Версаче



Жими се вака кога ја гледам Ен веднаш си замислувам дека е повторно во улогата на Енди од Ѓаволот носи Прада! Оваа жена изгледаше толку моќно на црвениот тепих што ми го одзеде здивот. Не само што ја погодила тематиката на самиот настан, туку и успеа да ме шокира со фактот дека креацијата која ја носи е од модната куќа Версаче, а не од Шанел како што првично ми оддаде впечаток со тој познат твид материјал по кој е препознатлив тој бренд.



Никол Кидман во винтиџ Шанел



Мет Гала не е само за да изгледате добро, туку и за раскажување приказна со вашиот ансамбл, а Никол Кидман можеби ја имаше најдобрата приказна на вечерта. Актерката ја носеше модната тоалета на Шанел што првпат ја носеше во 2004 година кога глумеше во таа прекрасна реклама за Шанел бр. 5 парфемот во режија на Баз Лурман. Оваа нежна бејби розе креација на нејзината вита фигура изгледа како милион долари, права елеганција во движење.



Лили Колинс во Вера Ванг



Мојата Емили од Париз ме освои со оваа Вера Ванг креација. Актерката Лили Колинс носеше впечатлив фустан од дизајнерката кој е составен од бело елече и лелеаво црно здолниште, со натписот „Карл“ сошиен на самиот тул. Можеби навидум обичен изглед, но според мене целосно on point кога станува збор за темата на настанот.



Наоми Кембел во винтиџ Шанел



Мет Галата беше совршена ноќ за носење малку винтиџ Шанел, а Наоми Кембел му кимна со главата на Карл Лагерфелд со тоа што излезе во една од неговите сопствени креации. Таа избра розова сатенска тоалета со украсни детали од модната колекција пролет/лето 2010 на Шанел, која беше шик и елегантна. Секогаш паѓам на розова боја така што не е ни чудно што баш овој изглед се најде меѓу моите 10 омилени од галата.



Жизел Бундхен во винтиџ Шанел



Манекенката се појави на Мет Галата соло, тазе разведена и ја истакна својата витка фигура во фустан со бел свилен тул и долга наметка Шанел украсена со пердуви и камелии. Нејзиниот фустан и наметка се исто така винтиџ и се дел од колекцијата на Chanel Haute Couture пролет-лето 2007 година.



Дуа Липа во винтиџ Шанел



Дуа беше една од ко-домаќините на настанот па секако се погрижи сите погледи да бидат вперени во неа кога буквално издоминира како права принцеза на црвениот тепих во винтиџ Шанел. Фустанот кој го носеше првично беше дел од колекцијата есен/зима на Шанел во 1992 година, дизајнирана од покојниот Лагерфелд.



Роџер Федерер во Диор







Тениската ѕвезда и ко-домаќин - Роџер Федерер со детали го почести Карл Лагерфелд и темата на самата Мет Гала.

Федерер рече дека неговата интерпретација на темата е да се држи до класиката, со дополнително значење одвнатре. Поставата на неговата јакна Диор имаше скици од Ким Џонс, во чест на преферираниот креативен метод на Лагерфелд.

„Цртежите се во чест на тоа како Карл скицирал. Искрено, ова беше прекрасен процес. Но, тоа е веројатно најмногу што сум размислувал за облека“, рече тој на црвениот тепих.



Џаред Лето како мачката Шупет



Пресладок ми беше кога се појави како мачката на покојниот Карл Лагерфелд по име Шупет! Ја симна маската и на сите фотографи им кажа: C'est Moi, Choupette!

На актерот Џаред Лето секогаш може да се потпреме за да испорача некои од најлудите изгледи на Мет Галата, но тој навистина се надмина себеси оваа година. Имаме среќа што реши да ја отстрани својата маска додека позираше за фотографии или можеби никогаш немаше да дознаеме дека е тој.



Џена Ортега во Том Браун



Додека Ортега носеше светло розев фустан од Валентино на минатогодишната Мет Гала, овој пат таа беше изразито пострашна и поготски настроена.

Нејзиниот мрачен ансамбл одговараше на естетиката на Лагерфелд, но исто така ја одразуваше и главната улога на Ортега како Среда, од исклучително успешниот спин-оф на семејството Адамс на Нетфликс.



Ким Кардашијан во Скиапарели



После ланското фијаско каде што буквално беше уништен винтиџ фустанот кој беше носен од страна на Мерлин Монро, оваа година Ким конечно изгледаше како што и доликува на нејзиниот стил и фигура. Облечена целосно во склад со темата на настанот, во креација на која и биле потребни повеќе од 1.000 часа за да се создаде, бидејќи секој прамен бисери бил нанижан и завиткан на телото. Кардашијан го дополни изгледот со чокер, бисерни обетки, набраздени ракави кои се влеваат во долг тул и потпетици од слонова коска.



Тоа беа 10-те изгледи кои ми оставија најмногу впечаток на Мет Галата.

Read more
on May 02, 2023 0
Share this!
labels
Fashion, News
Newer Posts Newer Posts
Older Posts Older Posts
Home
Subscribe to: Comments (Atom)

Welcome

Hello, I am Lori. This is where my thoughts come to breathe. A space for the unfiltered, the curious, the tender and bold. I write what stirs my soul — stories that move me, questions that haunt me, and moments that feel too big to keep quiet. It’s raw, it’s real, and it’s mine. If you’ve landed here, maybe something brought you for a reason. Stay a while, you’re warmly welcome.

Popular post

  • Вида Верде: Веганскиот мини маркет во Скопје што го чекавме! 🌱✨
    Дали некогаш сте посакале место каде што можете да пазарите без да ги вртите пакувањата на сите производи во потрага по несакани состојки? Д...
  • Оскари 2025: Најдобро облечените ѕвезди на црвениот тепих
    Ако има една вечер во годината кога модата зборува погласно од зборовите, тоа дефинитивно е ноќта на Оскарите . Вчерашниот црвен тепих беше ...

Archive

Search

Popular posts

  • Вида Верде: Веганскиот мини маркет во Скопје што го чекавме! 🌱✨
    Дали некогаш сте посакале место каде што можете да пазарите без да ги вртите пакувањата на сите производи во потрага по несакани состојки? Д...
  • Оскари 2025: Најдобро облечените ѕвезди на црвениот тепих
    Ако има една вечер во годината кога модата зборува погласно од зборовите, тоа дефинитивно е ноќта на Оскарите . Вчерашниот црвен тепих беше ...
  • Remote Work Life: Benefits, Challenges & Balance
    When I first started working from home just a few months ago, it felt like stepping into a long-awaited dream: a warm cup of coffee, pajamas...

Tags

Album review Beauty Beauty review Books build career change Carrie Bradshaw Celebrity shows Christmas Cinderella remake Coworking space creative journey Cushion foundation review digital marketing journey Digital nomad Disney movies Documentary Drugstore makeup Emotional support Entertainment Fairytales vs reality Fashion Films Food General graphic design academy Independence L’Oréal Nude Magique Cushion Foundation Life lessons life update lifestyle Lifestyle blog Lifestyle series critique Lightweight foundation Love and relationships Makeup Marketing Meghan Markle Netflix series Meghan Markle review Modern fairytales Modern partnership Motivation Movies Music Music review Natural finish foundation Netflix lifestyle show Netflix review News Personal personal growth Podcasts Pop culture Productivity reinventing yourself Relationships Remote work Reviews self development Self-acceptance Self-empowerment Showgirl era Small Business Summer foundation Taylor Swift Taylor Swift 2025 Taylor Swift album review Technology The Life of a Showgirl the lori diaries Track by track review Travel TV Series With Love Meghan review Women empowerment Women in design Work-life balance Working from home

ARCHIVE

Powered by Blogger.
Ⓒ 2025 The Lori Diaries. Design created with by: Brand&Blogger. All rights reserved.