Пред само неколку часа, Доналд Џ. Трамп беше инаугуриран како 47-миот претседател на Соединетите Американски Држави, означувајќи го неговото враќање во Белата куќа по четиригодишна пауза. Од перспектива на една македонка, a.k.a. јас, лидерскиот стил на Трамп делува освежувачки – практичен, бизнис-ориентиран и непоколебливо фокусиран на резултати.
Пристапот на Трамп мене лично многу ми се допаѓа бидејќи, за разлика од многу кариерни политичари, тој е бизнисмен кој знае како да ги заврши работите. Работи со јасна визија, без страв од носење тешки одлуки. Иако не секој се согласува со неговите методи, неговата решителност да ја стави Америка на прво место...повторно, е нешто по што тој е препознатлив, дури и од оваа страна на Атлантикот.
Што значи лидерството на Трамп за светот?
Како некој што живее во мала, но глобално свесна земја, фасцинантно е да се види како политиките на Трамп се одразуваат низ границите. Неговата агенда „Америка на прво место“ го приоритизира домашниот раст и енергетската независност, а иако тоа можеби звучи изолационистички, честопати ги тера другите нации да ги преиспитаат своите стратегии и да се фокусираат на своите сопствени сили.
Инаугуративниот говор на Трамп кој го чувме денес го одрази неговиот директен стил: обезбедување на границите, ревитализација на економијата и повлекување од меѓународни договори кои не ги исполнуваат американските интереси. Веднаш прогласи национална вонредна состојба на јужната граница, истакнувајќи ја неговата решителна природа. Сакајте го или мразете го, но човекот не троши време – тој носи акција, а не само зборови.
Зошто го почитувам Трамп?
За мене, Трамп не е само уште еден политичар. Неговото бизнис-потекло го прави сам по себе различен. Тој знае како да ја процени ситуацијата, да ја прескокне бирократијата и да се фокусира на она што функционира. Не можам, а да не ја почитувам неговата способност да ги приоритизира најважните работи за својата земја.
Еден од неговите најхрабри потези е планот за постигнување енергетска независност, вклучувајќи го и претворањето на Мексиканскиот залив, или сега по ново како што тој самиот изјави Американскиот залив во „енергетска сила“. Оваа амбициозна визија е она што најмногу ми се допаѓа кај него. Не се работи само за извојување на некои ситни и моментални победи – туку за изградба на посилна, самостојна иднина.
Овде во Македонија, честопати се соочуваме со политичари кои повеќе се фокусираат на ветувања отколку на резултати. Гледајќи како Трамп функционира е гледајќи нешто комплетно спротивно: лидер кој презема ризици, носи тешки одлуки и ги испорачува резултатите. Тоа е нешто што посакувам повеќе наши лидери да го применуваат.
Македонска перспектива за глобалното влијание на Трамп
Од моја перспектива, политиките на Трамп, без разлика дали станува збор за енергија, трговија или имиграција, честопати го поставуваат тонот за остатокот од светот. Неговото повлекување од договори како Парискиот климатски договор можеби не му се допаѓа на сите, но тоа ги принудува другите нации да ги преиспитаат своите ставови. Тоа е потрес кој може да инспирира иновации и самостојност.
За помали земји како Македонија, храбрите потези на Трамп се потсетник дека лидерството значи решителност и јасна визија. Тој не се грижи дали е популарен; тој се фокусира на резултати.
Завршни мисли
Гледајќи го враќањето на Трамп на власт од Македонија, се чувствувам како сведок на почетокот на нешто големо. Сакајте го или мразете го, неговото претседателство ќе има одек – не само во САД, туку и низ целиот свет. Како некој што го почитува неговиот практичен пристап, не можам да не се надевам дека неговото лидерство ќе инспирира и други земји, вклучувајќи ја и мојата, да размислуваат поголемо, да дејствуваат решително и да ги приоретизираат најважните работи.
Затоа, за Претседателот Трамп – лидер кој знае како да склучува договори, да презема акција и, најважно, да ги испорачува резултатите. Од еден крај на светот до другиот, внимателно ќе го следам тоа што следува.
Искрено ваша,
Лори ✍️
Триесет е кога престануваш да се извинуваш што си сонувач. Кога наоѓаш сила во зборот доволно. Доволно љубов, доволно обиди, доволно храброст да го пуштиш она што не цвета во твоите раце.
Животот не е само патека поплочена со победи, тој е полн со ќорсокаци, падови и моменти кога срцето ќе те убеди да тргнеш во погрешна насока само за да научиш како изгледа вистинскиот пат.
1. Не секое „Once Upon a Time“ завршува со „And they lived Happily Ever After“...
Слепото држење за некој или нешто што веќе си заминува нема логика—само го прави разделувањето потешко.
3. Во тишината има сила
Не секоја порака бара одговор. Не секое збогум заслужува зборови.
4. Вистинскиот „главен лик“ момент? Кога сама решаваш да си одиш.
Нема потреба од драма, туку тивко и грациозно заминување, кога знаеш дека заслужуваш многу повеќе.
5. Времето никогаш не е изгубено ако си се смеел
Оние петочни ноќи кога си танцувала премногу или си се изгубила во добар муабет? Вреди.
Нема потреба да се докажуваш. Вистинската личност ќе те сака онаква каква што си—со сите твои чудни навики и променливи расположенија.
7. Пријателствата се менуваат—и тоа не мора да биде лошо
Некои пријателства траат сезона, некои цел живот. И двете се важни.
8. Поставување граници е секси
Кажувањето „не“ не е грубост—тоа е самопочитување.
9. Лесната елеганција доаѓа од самодовербата, не од гардеробата.
Не е до фустанот или чевлите—туку до енергијата што ја носиш со себе.
10. Добар муабет е храна за душата
Ништо не може да го замени трепетот од длабок, духовит и искрен разговор.
11. Луѓето знаат да изненадат, но верувај ѝ на својата интуиција.
Давај шанса, но слушај го тој внатрешен глас—ретко греши.
12. Споредбата е крадец на радоста (и времето)
Туѓите совршени фотографии никогаш не ја раскажуваат целата приказна.
13. Грижата за себеси не е луксуз—тоа е неопходност
Било да е топла бања, самостојно патување или ден без телефон—прави го тоа без вина.
Документирај ги убавите моменти, но не дозволувај тоа да ти ја дефинира вредноста.
15. Дозволено е да сакаш повеќе
Подобра работа, поголема љубов или дури и само поголема чаша вино—не се задоволувај со помалку од страв.
Халштат, Салцбург, Љубљана, Загреб—каде и да те влече срцето. Светот е огромен, а спомените се бесценети.
17. Не бркај—привлекувај
Во љубовта и во животот. Она што е за тебе ќе те најде тогаш кога си своја, без компромиси.
18. Растот изгледа различно кај секого
Само затоа што некој стигнал побрзо, не значи дека твоето патување е помалку посебно.
19. Флертувањето е уметност—совладај ја
Убава насмевка и духовит коментар? Непобедлива комбинација.
20. Исцелувањето не оди по права линија
Некои денови ќе блескаш, а некои ќе плачеш за порака оставена на „seen и sent“ И двете се во ред.
21. Прославувај ги малите победи
Објави го кафето на стори, сподели го зајдисонцето, наздрави за малите моменти—тие се вистинските пресвртници.
22. „Closure“ е мит
Најчесто, ти самата си го даваш завршетокот кога ќе одлучиш да продолжиш понатаму.
23. Сништата заслужуваат акција, не само восхитување
Започни го тој проект, објави ја таа блог објава, испрати ја таа апликација за работа—чекори напред.
24. Вистинската самодоверба не е гласна—таа е мирна
Не бара внимание, туку се движи со своја сила.
25. Љубовта не секогаш е огномет—понекогаш е топол сјај
Страста избледува, но добрината, безбедноста и поврзаноста стануваат се посилни.
26. “Red flags„ не ја менуваат својата боја
Не губи време надевајќи се дека нечие однесување чудесно ќе се промени—чувај го својот мир.
27. Животот не е филм—но може да биде филмски
Стави слушалки во ушите, пушти музика и внеси доза боја во твоите секојдневни прошетки. Создај си моменти што изгледаат како сцени од омилениот филм.
28. Не мора секогаш да бидеш вклучена на „On“
Твојата вредност не зависи од тоа колку си продуктивна или колку излегуваш. Сепак и Бог решил да одмори на 7-миот ден.
29. Никогаш не е доцна да се преобликуваш
Животот не е запишан во камен—ти си уметникот, а платното е твое и на него можеш да сликаш што ти душа сака.
30. Најважната љубовна приказна е онаа со себеси
На крајот на денот, единствената личност со која ќе го поминеш остатокот од животот си ти. Сакај се безусловно.
Триесеттата година претставува крај на едно поглавје и отпочнување на ново. Тука сум, пред својата тастатура, помудра (најверојатно), посилна (сигурно) и подготвена да живеам со намера, грациозност и мала доза зачин на „main character“ енергија.
Која е најважната лекција што ја научивте кога стапнавте во своите 30-ти?
Што ги прави REDO гумените бонбони толку посебни?
Во текот на истражувањето, дознав дека овие гумени бонбони се полни со хранливи состојки кои му помагаат на телото одвнатре:
- Биотин (Витамин Б7): Заштитникот на косата и ноктите.
- Цинк: Го намалува воспалението и помага за чиста и здрава кожа.
- Фолна киселина: Ја поттикнува обновата на клетките и дава свежина на кожата.
А најдоброто од се – овие гумени бонбони се:
- 100% вегански;
- со низок процент на шеќер;
- без глутен, желатин, вештачки бои и ароми.
Нема полесно – само две гумени бонбони на ден. Еве ги сите детали:
- Дневна доза: 2 гумени бонбони (јас ги земав наутро пред појадок).
- Траење: Едно шишенце содржи 60 гумени бонбони – доволно за 30 дена.
- Резултати: Најдобрите резултати се забележуваат по редовна употреба од најмалку 4 недели.
Какви се моите резултати после само еден месец?
- Косата: По првата недела, косата престана да ми паѓа кога ќе поминам низ неа со прсти - дали едвај едно влакно ќе паднеше кога ќе го сторев ова. Во втората недела забележав дека косата ми стана поблескава и се мастеше многу помалку. По третата недела, косата почна да биде погуста, а забележав и нови „бебешки“ влакненца кои се појавуваа!
- Ноктите: Веќе ми се природно силни, но сега се неуништливи – можам подолго време да ги носам долги, без да ми се скршат и исто така на допир се појаки од вообичаено што ми биле.
- Кожата: Лицето ми се освежи и доби некој вид подмладување! Барем така јас забележав. Не гледам повеќе неочекувани мозолчиња кога ќе ја извадам шминката од мене, а тоа ме прави посамоуверена да се шетам без шминка што почесто. Лицето ми изгледа поодморно и свежо.
Зошто се решив да ги порачам?
Во истражувањето ме убедија сите позитивни искуства на корисниците. Некои споделуваа фотографии од нивниот напредок, а други ја опишуваа промената во нивната самодоверба. Тоа беше клучниот момент кога решив дека вреди да ги пробам. И не згрешив!
Каде и како да ги набавите REDO гумените бонбони?
Едноставно е, посетете ја официјалната страница на REDO овде, прочитајте се за нив и нарачајте си ги. Едно шишенце ќе ве чини 1060 ден. плус 130 ден. поштарина. Не нудат можност за плаќање со картичка, само со кеш може да платите при подигање на нарачката од курирот.
Ова беа моите искрени впечатоци за тоа колку можат да направат разлика овие мали гумени бонбони. Ако се борите со слаба коса, кршливи нокти или проблематична кожа, топло ви препорачувам да ги пробате.
Понекогаш, најмалите промени – како две гумени бонбони дневно – можат да донесат најголема трансформација.
Додека ја привршувам оваа објава, веќе го нарачав моето следно шишенце и со нетрпение чекам да видам што ќе донесе следниот месец по консумирање на второто шишенце.
Споделете ми ако и вие решите да ги пробате – би сакала да ги прочитам вашите впечатоци!
Искрено ваша,
Лори ✍️