The Lori Diaries

...by the girl who's creating her own future.

20-годишнина на Хари Потер: Враќање во Хогвортс

Лондон. Tower bridge. Улици украсени за божиќните и новогодишните празници. Такси автомобил. 

Актерите ги добиваат своите писма од Хогвортс кои им кажуваат дека е дојдено времето за повторно обединување. 





⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡⚡


Ова беше нешто што им требаше на сите Хари Потер обожаватели. Последниве неколку години не беа воопшто идеални за љубителите на како што сега се нарекува: франшизата "Волшебничкиот свет". 

Филмот "Фантастични ѕверови", беше прв обид за Хари Потер приквел и беше доста добро прифатен филм од ХП фановите, но вториот дел од приквел серијалот беше права турлитава.







Доколку сте Хари Потер фан, треба дефинитивно да ја погледнете оваа специјална епизода наречена: „Враќање во Хогвортс“.

Навистина ми го врати она топло, смирувачко чувство, кое може да го разберат само оние што ги гледале филмовите за младиот волшебник, за прв пат додека биле деца.

Во оваа специјална епизода долга час и половина, освен триото составено од Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт, добиваме шанса да ги видиме и Том Фелтон, Марк Вилијамс, Хелена Бонам Картер, Гери Олдман, Роби Колтрејн, Џејсон Ајзакс, Џејмс Фелпс, Оливер Фелпс, Бони Рајт, Алфред Енок, Метју Луис, Евана Линч, Ралф Фајнс и други.

Секако, во фокусот на епизодата се најмногу толкувачите на главните три лика, но најинтересните приказни најчесто доаѓаа од страна на останатите актери од филмскиот екипаж.






Претпоставувам дека ова е можеби затоа што веќе премногу работи знаеме за Хари, Рон и Хермиона за да бидеме повеќе изненадени.

Многу ми беше интересно да ги слушам анегдотите на Роби Колтрејн, Џејсон Ајзакс, Гери Олдман, Хелена Бонам Картер, Метју Луис и Том Фелтон.

Наративот на целата епизода е така дизајниран да ја води публиката од филм во филм, што сметам дека е многу паметно изведено. Ова ми даде чувство на хронологија на повторното обединување, кое инаку би изгледало целосно неповрзано.

Монтажата е одлична и очигледно е дека се вложени многу средства за целата епизода да изгледа беспрекорно.

Ова е новогодишен подарок од волшебничкиот свет до сите фанови на Хари Потер серијалот на филмови и книги.






Оваа прекрасна епизода имаше за цел да ми ги обнови старите спомени за мојата посета во Англија, каде ја купив послетната книга и ја имав таа чест да присуствувам на премиерата на последниот филм од Хари Потер серијалот.

Последните неколку сцени беа посветени во оддавање почит на актерите кои беа дел од снимањето на овој феномен од филмски серијал, а за жал веќе не се меѓу нас. Ова ја прелеа чашата и ме натераа да леам солзи како мало дете, посебно присеќавајќи се на брилијантните британски актери кои ги толкуваа улогите на Снејп и Дамблдор.

Би сакала топло да ви препорачам да ја погледнете оваа специјална reunion епизода и да и посветите дел од вашето драгоцено време.

Се што треба да направите за да ја гледате оваа епизода е да сте претплатени на HBO Go стриминг платформата.



За крај, ви оставам трејлер за специјалната ХП reunion епизода:



 



0 Comments

Contact Form (Do not remove it)

back to top