The Lori Diaries

...by the girl who's creating her own future.

Сузи Боналди го спасува денот!

Попозната под името на нејзиниот канал на Јутуб - Hello October (подоцна преименуван во Suzie Bonaldi), таа е една од првите блогерки кои се појавија пред 10-тина и повеќе години и ми беше права инспирација јас да се одлучам за прв пат да го креирам овој блог.








Сузи Боналди е 30 и нешто годишна девојка од Брајтон, Англија која ја започна својата кариера како блогерка, а подоцна се пробива на Јутуб сцената со својот канал и дневни влогови, каде го споделува својот секојдневен живот со своите гледачи, или споделува посебни видеа посветени на убавина, мода, патувања, отпакување на ПР пакети и сл.








Ќе се прашате што ми текна баш за оваа девојка денес да напишам објава?




Искрено, Сузи ја следам со години на Јутуб и и бев верен читател на нејзинот блог додека редовно постираше.

Настрана од ова, навистина е штета што блогерството со години веќе некако изумира, но еве ме мене сеуште не се давам и сеуште верувам во неговиот опстанок.

Па така утрово додека се спремав за да одам на работа и си ги терав оние мои утрински ритуали, обожавам да си пуштам влогови од Сузи на Јутуб да течат во позадина додека се спремам, случајно го фатив моментот каде што девојката кажува дека има подкаст и дека нема постирано ништо од месец октомври минатата година и сака повторно да се охрабри и да снима нова сезона од нејзиниот подкаст.








Јас бев во шок како оваа девојка ја следам со години и години, а не сум успеала да го фатам овој момент дека таа има свој подкаст, па таква каква што ме дал Господ, право рчкало, го отворив мојот Спотифај профил и веднаш во пребарај прозорчето го внесов името на нејзиниот подкаст „Thirty Something Drama Queen“.

Ми излегоа точно 10 епизоди и си реков да побрзам да стигнам на време на работа и штом го отворам лаптопот и почнам со работа, наместо музика, сакам овој подкаст да ми оди на слушалките во позадина додека работам.








Сузи има прекрасен глас за подкаст, буквално те смирува и ти раскажува за еден куп лични работи со кои се соочувала низ годините, најчесто во 20-тите години од нејзиниот живот, но исто така често раскажува за фактот како е да се стигне до 30-ката како една жена, какво е чувството кога имаш 30 години и како општеството те третира штом го достигнеш тој milestone.

Зборува за врски, било кратки, било долги, состаноци со разни момци и слично. Искрено, не може а да не се пронајдете, барем јас успеав поприлично многу да се препознаам во неа, па точно знам за што зборува и како се соочила со некои работи и излегла како прав победник на крајот.

Па еве ме... целосно спружена на мојот двосед во дневна, покриена со ќебе бидејќи Април сеуште не одлучил што сака да биде кога ќе порасне - Зима или Пролет...лаптопот во скут, џин тоникот во рака и како што го куцам по тастатурата текстов така си ја слушам седмата епизода од овој подкаст и буквално уживам.

Како да не го споделам ова уживање со вас? 💻




Доколку до сега не сте слушнале за оваа прекрасна англичанка со шпанско потекло сега е времето да го отворите нејзиниот Јутуб канал и подкаст и да ја заследите.



---->   Линк до Јутуб каналот на Сузи Боналди   <----


---->   Линк до подкастот на Сузи Боналди на Спотифај   <----


0 Comments

Contact Form (Do not remove it)

back to top